Олеснување на казнената политика за матичните лекари

Фондот сепак мора да има максимална контрола во делот на наплата на пари и затоа од 1.1.2016 на секој матичен лекар во примарна здравствена заштита, кој незаконски ќе наплати пари на пациентот, ќе треба да ги врати парите на пациентот и ќе биде казнет во износ од три месечни капитации во фиксен дел (210% на ниво од капитација). Ова се однесува на здравствени услуги кои Фондот ги плаќа на матичните лекари преку капитацијата секој месец и затоа не смее да се случи пациентите да бидат оштетени.

Го зголемуваме лимитот за пропишување на лекови и антибиотици од 400 на 480 денари по поен, во пракса, ова ќе значи послободно издавање на рецепти за хронично болните пациенти. Од нашата анализа увидовме дека околу 200 матични лекари имаат проблем со износот на издадениот број на рецепти, затоа што кај нив има огромен број на хронични пациенти и деца кај педијатарите, кои имаат потреба од поголем број на лекови. Од 01.01.2016 година со зголемениот лимит, повеќе нема да се намалува капитацијата за прекорачување. Досега во просек секој матичен лекар можеше месечно да пропише вредност на лекови од 70.000 денари за своите пациенти, а од 1.1.2016 ќе може да пропишува лекови во вредност од 84.000 денари, велат од ФЗОМ.

Целта на Фондот е осигурениците секогаш да добијат квалитетни и евтини лекови на рецепт. За таа намена доколку 40% од реализираните рецепти се лекови без доплата, тогаш Фондот нема да ја контролира целта рационално пропишување на лекови и антибиотици. Доколку пациентите подигнуваат лекови без доплата, Фондот е сигурен дека матичните лекари одвоиле доволно време за потребите на пациентот и ги објасниле саканите и несаканите ефекти од користење на лекови и антибиотици.

Намалена е и администрацијата во делот на известување за прекин на работен однос на матичен лекар и така да наместо матичниот лекар да ја известува и подрачната служба и централата на Фондот, од 1.1.2016 со известување на едно место, Фондот ќе ги преземе сите дополнителни активности по службена должност, како што е контрола во ординацијата за извршените превентивни мерки и активности, исплата на заостанатите средства и порамнување на финансиската состојба.

 Направивме во новиот анекс на договор крупен исчекор во делот на можноста матичниот лекар да користи породилно отсуство или долготрајно боледување до 270 дена, без притоа да се грижи за состојбата на ординацијата, пациентите и медицинската сестра. Имено, од 01. 01.2016 доколку матичниот лекар не може да вработи своја замена во ординацијата, тогаш, неговата редовна секојдневна замена може да ја преземе медицинската сестра, а со тоа и да ги опслужува сите пациенти и за тоа ќе биде исплатен. Оваа измена е етичка и хумана, затоа што досега замената на матичниот лекар требаше покрај своите да ги опслужува и пациентите на лекарот кој е отсутен, без да биде платен од страна на Фондот.

Заедничката соработка со матичните лекари е од суштинско значење и принципиелно е сите партнери да бидат задоволни од меѓусебната соработка. Во таа насока направивме дополнителен сет на олеснувања кои се однесуваат на следниве сегменти:

Изготвувањето на овој анекс за договорите за 2016 година, е направан заедно со Здружението на приватни лекари на Македонија, со Лекарската и Стоматолошката Комора на Македонија.