Спорт

Олимпијакос и Реал Мадрид им се приклучија на Фенербахче и ЦСКА Москва на Ф4

Олимпијакос и Реал Мадрид им се приклучија на Фенербахче и ЦСКА Москва на Ф4

Со тројката на Јоргос Принтезис со звукот на сирената Олимпијакос синоќа ја совлада Барселона со 71:68 во рамките на четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на кошаркарската Евролига.

Со ова Олимпијакос го доби двобојот против Барселона со конечни 3:1 во победи, со што обезбеди учество на завршниот турнир.

Најефикасен беше Василис Спанулис со 17, додека херојот на Грците, Принтезис постигна 14 поени.

Вчера пласман на Ф4 турнирот што ќе се игра во Мадрид обезбеди и Реал откако во натпреварот број 4 го победи Анадолу Ефес во Истанбул со 76:63 и со вкупни 3:1 во победи го елиминира турскиот тим.

Во полуфиналето од кошаркарската Евролига на 15-ти мај ќе играат: Реал Мадрид – Фенербахче и ЦСКА Москва – Олимпијакос. На 17-ти мај ќе се игра дуелот за третото место и финалето.