Олимпијакос во потера по Балотели ?!

Се почести се гласините дека напаѓачот на Олимпијакос, Костас Митроглу уште во текот на зимскиот трансфер период ќе заврши во редовите на Милан, па така челниците на клубот веќе пронајдоа и негова замена.

Според дел од медиумите во Грција и Англија, шампионот на Грција веќе испратил понуда до Ливерпул според која Марио Балотели би се преселил до крајот на сезоната во Пиреја, на позајмица вредна 2,5 милиони евра.

Грците воедно се понудиле да исплатат дел од платата на Италијанецот, а секако во овој договор би имало клаузула за откуп на правата на Балотели по завршувањето на сезоната.