Олимписка обука за стратешки менаџмент

Од 26-ти до 28-ми февруари, Македонскиот олимписки комитет продолжи со реализација на вториот модул од Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија.

Предавањата од вториот модул “Стратешки менаџмент“ се одржуват од страна на проф. д-р Тјери Зинц кој ќе ги запознае учесниците на обуката со најновите примери на управување со националните спортски федерации, најновите стратегии на спортски менаџмент и спортска администрација, како да се даде вистинска дијагноза на опкружувањата околу Олимпискиот и спортскиот систем, како да се постават стратешки цели, како да се изработат долгорочни акциони планови и Олимписки и спортски програми неопходни за постигнување за врвни спортски резултати.