Олимпискиот победник во боб најден мртов во хотелска соба

(Alex Livesey/Getty Images)

Стивен Холкомб, 37-годишниот возач на американскиот боб четворосед кој ја освои златната медала на Зимските олимписки игри во Ванувер во 2010 година, е најден мртов во хотелска соба во Лејк Плесид, објави Американскиот олимписки комитет.

Стивен Холкомб бил на подготовки во Лејк Плесид, а засега не се познати поединостите во врска со неговата смрт.

Медиумите потсетуваат дека тој веќе еднаш имал обид за самоубиство, откако му било дијагностицирано дека поради дегенеративна болест му се заканува потполно слепил, но во 2008 година над него беше извршена успешна операција.

Во Ванкувер, како возач на бобот, изненадувачки стаса до златната медала, прва во американсиoт четворосед од 1948 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.