Олимпискиот шампион Добрев пронајден мртов

Олимпискиот шампион во кревање тегови од 2004-та година, Бугаринот Милан Добрев починал на 35-годишна возраст, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи.

Добрев бил пронајден мртов во својот стан во Пловдив. Нема траги на насилство на неговото тело, а причината за смртта се уште не е позната.

Добрев освои олимписко злато во категоријата до 94 килограми на Игрите во Атина во 2004-та година, а исто така тој е светски шампион од Ванкувер во 2003-та година, како и двократен европски првак.

Кариерата ја завршил во 2008-ма година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.