Олимписките игри во Токио 2020 година ќе бидат збогатени со нови спортови

Интернационалниот олимписки комитет ја разгледува можноста спортови како бејзбол, софтбол, билијард, снукер, карате и сквош да станат олимписки.

Конгресот на кој ќе бидат дефинирани новите олимписки спортови ќе се одржи пред почетокот на ОИ во Рио идната година, а веќе би влегле во конкуренција на игрите во Токио во 2020 година.

Сепак, потпретседателот на ИОК Џон Коутс не сака да избрзува со заклучоците кој спорт би влегол во олимписката програма, односно дека допрва треба добро да се анализираат опциите.

“Не можам да кажам дали еден, два или три спорта ќе бидат препорачани, бидејќи тоа во голем дел зависи и од композицијата на спортовите. Ако тоа биде тимски спорт, тогаш сигурно многу ќе се зголеми бројот на учесници. Доколку не се работи за тимски спорт, тогаш може да има комбинација од неколку нови спортови. Не сакаме засега ништо да исклучуваме”, изјави Коутс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.