сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Оливер Андонов предлог за нов министер за внатрешни работи, Чавков нов директор на БЈБ

Се очекува Собранието во текот на денот да одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Митко Чавков, и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи.

vlada-na-r.m-640x294

Последни вести

Митко Чавков министерот за внатрешни работи поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог за нов министер за внатрешни работи, потврди за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Според портпаролот на Владата, се очекува премиерот Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Чавков има долгогодишна работна кариера во МВР со голем број успеси во неговата работа. Позицијата министер за внатрешни работи ја извршуваше на високо и квалитетно ниво и Владата е задоволна од неговата работа. Проценката на премиерот е дека во идниот период е потребно тој да биде директор на Бирото за јавна безбедност каде што степенот на оперативно и тактичко постапување е поинтензивен и како човек кој е квалитетен и искусен тој е потребен за оперативно извршување на задачите и целите, особено ако се имаат во предвид најавите за можноста за нови мигрантски бранови и други безбедносни ризици. Откога ќе биде констатирана неговата оставка во Собранието, Чавков ќе биде предложен за нов директор на БЈБ на владина седница која би требало да се одржи во текот на денот, вели Ѓорѓиев.

Портпаролот потврди и дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. Од Владата се благодарни за нивниот досегашен ангажман и истакнуваат дека тие како квалитетни кадри и професионалци ќе продолжат да работат во МВР на други позиции. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.

Атанасовски покажа квалитетни резултати на неговата претходна позиција и одговорно и посветено ја вршеше функцијата. Владата претпладнето на седница го именуваше за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Сметаме дека и на новата позиција ќе покаже високо ниво на професионализам и соодветно ќе ги изврши работните задачи, додава портпаролот на Владата Ѓорѓиев.

Се очекува Собранието во текот на денот да одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Митко Чавков, и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи.

Најчитани вести