Оливер Арсовски e нов директор на „Охридско лето“

Оливер Арсовски е новиот директор на фестивалот „Охридско летo“.

Македонскиот музички уметник и доскорешен уметнички директор на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип е избран на редовен конкурс.

Арсовски доаѓа на чело на најпознатата културна манифестација во Македонија по завршување на четиригодишниот мандат досегашната директорка на Фестивалот, Елизабета Јанкуловска.

Охридско Лето - Најголема културна манифестација во Македонија
„Охридско Лето“

Арсовски во периодот од 2007 до 2010 година беше директор на Македонската опера и балет, а тој е познат и како долгогодишен организатор на Виенскиот бал во Скопје.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува од 12 јули до 20 август, а годинава ќе се одржи 56-то издание.