петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 59

Оливер Спасовски одбрал луксузно „ауди“, во кое се превезувало хероин

Вчера СДСМ реагираше дека Спасовски ќе ги врател сите возила кои биле запленети во кривични постапки, а според информациите на „Прес 24“ токму луксузното „ауди“ кое го одбрал Спасовски е запленето токму во таква постапка.

Оливер Спасовски си одбра луксузно „ауди“, во кое се превезувало хероин

Оливер Спасовски си одбра луксузно „ауди“, во кое се превезувало хероин

Последни вести

Оливер Спасовски почна да се вози во новото „ауди“ кое го зеде уште на првиот ден од неговиот техничко именување во министерството.

За разлика од претходните министри кои имаа далеку подолг стаж и во однос на времетраење и во однос на реализирани оперативни акции, забележливо е дека Спасовски се движи со дополнителни возила како обезбедување, пишува порталот „Прес 24“.

audi

Скопјани кои живеат во близина на Министерството за внатрешни работи веќе реагирале заради буката и вклучените сирени од неговото обезбедување кога се движеле.

audi2

Вчера СДСМ реагираше дека Спасовски ќе ги врател сите возила кои биле запленети во кривични постапки, а според информациите на „Прес 24“ токму луксузното „ауди“ кое го одбрал Спасовски е запленето токму во таква постапка.

audi1

Доказ за тоа се и фотографиите објавени на „Прес 24“ на кои може да се види дека истото возило е запленето во полициска акција во која е откриен транспорт на поголема количина хероин од Косово.

Најчитани вести