недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 8

„Курир“: Спасовски во стилот на неговата партија – прва задача, цензура на медиумите

Што е тоа што Оливер Спасовски сака да го сокрие и зошто сите информации кои се од интерес на јавноста би морало да бидат контрол

oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376

Последни вести

Порталот „Курир“ објави дека првата наредба на техничкиот министер Оливер Спасовски била ограничување на комуникацијата со медиумите. Спасовски во стилот на неговата партија, откако вторпат седна во министерската фотелја, прва задача му е цензура на медиумите, пишува порталот.

Што е тоа што  Оливер Спасовски сака да го сокрие и зошто сите информации кои се од интерес на јавноста би морало да бидат контролирани од него?

Прашањето кое се наметнува во јавноста е зошто тој би ценел што е важно за граѓаните и во која форма би можела одредена информација од МВР да биде проследена до граѓаните.

-Се  забранува да се изнесуваат во јавноста информации, податоци и известувања преку соопштенија, брифинзи, конференции за медиуми, интервјуа, кампањи и слично, во врска со прашања од законски утврдениот делокруг на надлежности на МВР, без изречна претходна согласност од министерот за внатрешни работи, се вели во цензорската наредба потпишана од Спасовски.

dokument

dokument1

Во првиот мандат, Оливер Спасовски беше жестоко критикуван дури и од медиумите под контрола на СДСМ/СОРОС за нетранспарентното работење и уривањето на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Телма тогаш го обвини Спасовски за нетранспарентност и блокада на протокот на информации.

 

Најчитани вести