Олси Рама повторно во Белград

Директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ изјави дека во широката делегација која е дојдена од Тирана бил и братот на премиерот, Олси Рама, кој е осомничен дека е виновен за немирите на натпреварот Србија-Албанија.

„Ни се случи нов дрон, човечки дрон, дипломатски дрон. Ова и испраќа порака не само на Србија туку на сите, дека во нашето соседство има политичари со кои е многу тешко да се соработува“, изјави Ѓуриќ.

„Во делегацијата од Тирана се наоѓаа и учесниците од инцидентот од стадионот Партизан за време на натпреварот Србија-Албанија“, додава Ѓуриќ, прецизирајќи дека мисли на братот на прмиерот на Албанија, Олси Рама.

„Во делегацијата на премиерот на Албанија беше и неговиот брат Олси Рама“.

Ѓуриќ наведе дека во текот на разговорот пред конференцијата за новинарите не било споменато Косово.

„Темите биле економски и се укажувало на тоа дека инцидентот со дронот е оставен во минатото, а потоа ни се случи човечки дрон со ликот на Еди Рама, кој направи еден подмолен потег“, рече Ѓуриќ за РТС кој инаку не обезбеди навремен превод за обраќањето на Рама.

rama-tanjug-1415693539-588837

„Покраината од која се протерани околу 247.000 луѓе го наведе како пример. Затоа не треба да не чуди реакцијата на нашите луѓе кои му пружија поддршка на премиерот и начинот на кој тој им се спротивстави на политичкото и вербалното насилство“, додаде Ѓуриќ.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ е убеден дека инспираторите на инцидентот со леталото на далечинско управување на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија. Стефановиќ наведе дека инцидентот е предизвикан од албански државјанин кој дронот во Србија го внел преку Италија.

„Тој дрон е внесен по налог, убеден сум, инспириран од албанските власти и не се случајни сите случувања на стадионот во тој мом ент. Неи работиме на измени и дополнувања на законите со кои се регулира таа сфера, бидејќи не е незаконски да се поседува дрон“, изјави Стефановиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.