вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 67

ОМД бара да се регистрираат за гласење граѓаните од дијаспората

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) апелира до сите Македонци од дијаспората да се регистрираат во најскор можен рок, пред 11 месецов, за да можат да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември годинава.

дијаспората

Поврзани вести

Регистрација за гласањето, како што информира ОМД, може да се направи на линкот http://r20.rs6.net/tn.jsp.

Вкупниот број пријавени гласачи од дијаспората за претстојните избори, според ОМД, моментно е помал од 7.000.

– Не дозволувај друг да одлучува за твојата иднина! Ајде гласајте! На 11 декември, Република Македонија ќе се најде пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава.Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас, наведува во апелот ОМД.

Гласањето во дијаспората ќе се одвива еден ден порано, односно на 10 декември во дипломатските конзуларни претставништва на Република Македонија низ светот.

Најчитани вести