ОМД бара од Трамп да помогне за членство на Македонија во НАТО

ОМД: Вандализмот на Заев и Шекеринска е повик за анархија и хаос во земјава
ОМД: Вандализмот на Заев и Шекеринска е повик за анархија и хаос во земјава

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во писмо до американскиот претседател Доналд Трамп бара тој да се заложи за членството на Македонија во НАТО за време на претстојната средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во Вашингтон.

– Од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година САД ја поддржуваат Република Македонија во своите напори за целосна евро-атлантска интеграција. Република Македонија, од друга страна, е силен сојузник и поддржувач на САД во голем број мисии, вклучително и Авганистан. Грција го блокира членството на Македонија во НАТО. Претседателе Трамп, Вие имате одговорност да го браните интегритетот на НАТО како институција и да се осигурите дека им служи на заедничките интереси на евро-атлантското семејство, а не само на тесните интереси на една земја членка. Заложете се премиерот Ципрас да ја тргне блокадата за членство на Република Македонија во НАТО како знак дека Грција е сериозна во намерата да биде регионален лидер – се вели во писмото на ОМД до американскиот претседател Трамп во пресрет на неговата средба со Ципрас во Белата куќа.

ОМД бара претседателот Трамп набргу да обезбеди и посета на висока американска делегација на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.