ОМД: Делото на претседателот Трајковски продолжува да живее и 10 години по неговата трагична смрт

Претседателот Трајковски засекогаш ќе остане запаметен како скромен, храбар и решителен човек, со глобална визија за Македонија кој секогаш ги ставаше својата земја и народ пред неговата лична слава, велат од Обединета македонска дијаспора по повод 10 години од трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски на 26-ти февруари 2004 година.

„ОМД верува дека визијата на претседателот Трајковски за општество засновано врз демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно општество засновано врз доверба ќе надвладее, и Македонија ќе биде дел од евро-атланските институции. За време на кофликтот во 2001 година, претседателот Трајковски го повика народот во Македонија да ги избере гласачките кутии, а не куршумите”, велат од организацијата.

Претседателот Трајковски, велат од ОМД, беше неуморен поборник за целосно признавање на македонското уставно име од меѓународната заедница, и го постави патот за признавањето од страна на САД во ноември 2004 година, кое за жал не успеа да го доживее.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.