Македонија

ОМД за првпат назначи Директор за Европа

ОМД за првпат назначи Директор за Европа

Обединетата македонска Дијаспора го назначи Филип Алтипармаковски, нејзиниот досегашен претставник за Бенелукс, за член на Бордот на Директори и Директор за Европа.

“Ми претствува особена чест што сум поканет да станам член на глобалниот Борд на ОМД и да станам Директор за Европа. ОМД е единствената македонска организација во странство којашто професионално ги застапува интересите на македонците ширум светот,” изјави Алтипармаковски.

“Земајќи во предвид дека македонската дијаспора е двапати побројна од населението во Македонија и е еден од главните столбови на македонската економија, македонците ширум Европa можат да имаат глас во однос на прашањата што ја засегаат татковината преку ОМД.”

ОМД досега има претставници во Австрија, Англија, Бенелукс, Германија, Грција, Франција, и Русија, а понатаму планира filip altipamarkovskiда назначи претставници во Швајцарија и Шведска. Во улогата на Директор за Европа, Алтипармаковски ќе ги координира напорите за соодветно застапување на македонците во Европа пред европските институции во Брисел.

„Како холандски и македонски државјанин со образовна позадина во областа на меѓународните односи и правото, Филип Алтипармаковски е идеалниот кандидат за застапување на нашите интереси и иницијативи во Брисел” изјави претседавачот на Бордот на ОМД, Стојан Николов.