Македонија

Томе Трајков добитик на признанието „Љупчо Филипов“

Томе Трајков добитик на признанието „Љупчо Филипов“

Велешанецот Томе Трајков-проект координатор во Стрип центар на Македонија е добитник на овогодинешното Признание за развој и афирмација на македонскиот стрип , наречено според прерано починатиот бард на македонската стрип сцена Љупчо Филипов.

Доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на Меѓународниот стрип салон, што се одржува секоја година во средината на октомври во Велес. Стрип центарот на Македонија – Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас.

Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз-стрип автор, Диме Иванов Димано-стрип автор, Александар Сотировски –стрип автор, Ване Трајков -промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-тогаш млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли-стрип хроничар и сценарист, Дарко Марковиќ, Киро Донев-директор на МЛАД БОРЕЦ, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски-стрип сценарист и промотер , Стрип книжарницата „Бункер“и „ОСТЕН“- Галерија и списание.стрип1

Томе Трајков со неговата повеќе од децениско ангажирање во СЦМ оствари големи резултати во интерес на македонската стрип сцена, како што се:

  • Создавањето на стрип мостови помегу македонската и околните стрип сцени , преку постојан контакт со странски и други донатори.Интернационалните проекти како нпр. „Балкански стрип мост“ (малку е познато дека овде„ се роди“ стрип херојот Ајвармен), потоа на два пати добиените признанија од страна на косовската стрип сцена, како и повикот да биде член на жирито на првиот воопшто организиран стрип настан во Албанија,  се само еден показател за заслугите на Трајков.
  • Преку негово залагање македонската стрип сцена имаше можност да се сретне и со светски познати стрип автори како: Џамал Ајгл од ДЦ Комикс, Мауро Лоренти (еден од цртачите кои го цртаат Загор), Кан Такахама од Јапонија , легендарниот издавач Ервин Рустемагиќ , белгиската стрип сцена и многу други.
  • Ширење на 9-тата уметност низ разни градови, освен Велес и Скопје како главен град, СЦМ организира стрип изложби и во други градови , драстично е зголемен бројот на македонски стрип автори кои испраќаат свои стрипови на конкурсите во Македонија и пошироко.
  • Јакнење на комуникацијата со институциите со акцент на подобро место на стрипот во донесувањето и практичната имплементација на Стратегијата за култура на Република Македонија, што доведе до доста зголемен број на финансирани стрип проекти . -започнување на процесот на примена на стрипот во социјалната сфера што е реализирано преку проекти од интеретничка и друга сфера,овие искуства и можности веке се превземаат од страна на некои младински организации.