ОН: 4 771 загинат во конфликтот во Украина

Во конфликтот во Украина од април 2014 година досега загинале најмалку 4.771 лице, јави ТАСС, повикувајќи се на извештај на Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

До 24 декември во Источна Украина загинале најмалку 4.771 лице, вклучително 298 лица во соборениот малезиски авион, а 10.360 се повредени, се наведува во извештајот.

Според претходниот извештај на Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања, објавен на 13 декември, бројот на жртви изнесува 4.634 лица, а 10.342 се повредени.

Во новиот извештај на ОН се нагласува секојдневното кршење на прекинот на огнот, како и континуираното напуштање на зоната на воени дејствија, што опфаќаат региони со население од 5,2 милиони лица.

Според податоците на ОН бројот на внатрешно раселени лица во Украина надминува 610.000, додека околу 594 илјади се бегалци во соседните земји, во најголем дел во Русија.