ОН: Ал Каеда и натаму силна, ИД слабее

Меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда и натаму е „извонредно силна“ и на накои области е поопасна од ултрарадикалната сунутска групација Исламска држава (ИД), заклучиле набљудувачите на Обединетите нации (ОН) во извештајот кој агенцијата AFP во средата го добила на увид.

Во овој извештај наменет за Советот за безбедност при ОН, вели дека групацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQPA), којашто има своја база во Јемен, е комуникациски центар за целата оваа џихадистичка мрежа.

„Групите поврзани со Ал Каеда и натаму се главна терористичка закана на некои области како што се Сомалија и Јемен“, се наведува во документот.

Се оценува и дека водачите на Исламската држава во Либија можеби се селат во други зони на судири во западна Африка и во Сахел, се додава во извештајат. Во крајна линија, наведуваат изворите на ОН, некои групи поврзани со Исламската држава и со Ал Каеда можеби соработуваат во некои области, што би можело да претставува нова закана.