ОН бара 8,4 милијарди долари за помош на сириските бегалци

Турција не прифаќа враќање на 250.000 бегалци од ЕУ
Турција не прифаќа враќање на 250.000 бегалци од ЕУ

ОН бара повеќе од 8,4 милијарди долари за идната година, наменети за помош на околу 18 милиони лица погодени од војната во Сирија.

Врховниот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутереш денеска изјави дека луѓето кои се внатрешно раселени во Сирија ги потрошиле заштедите и ресурсите, а околните земји, кои се соочуваат со бегалски бран се на границата на своите можности.

Околу 2,9 милијарди долари од бараните средства за идната година се наменети за потребите во самата Сирија, со цел да се обезбеди помош за 12,2 милиони лица.

ОН бара 5,5 милијарди долари за помош на бегалците надвор од Сирија, како и за поддршка на земјите, што ги прифаќаат. Целта е да се помогне на вкупно 6 милиони лица, а светската организација работи врз основа на прогнози, дека следната година во соседните земји на Сирија ќе има до 4,27 милиони бегалци.