ОН бара Израел да ја потпише спогодбата за нуклеарно оружје

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство гласови усвои резолуција со која Израел се критикува затоа што одбива да се придружи кон меѓународната спогодба против ширењето на нуклеарното оружје и го повика да се потпише под неа, пишува МИА.

Резолуцијата која ја поддржаа арапските земји истакнува дека Израел е единствената блискоисточна држава која не ја потпишала Спогодбата за неширење на нуклеарното оружје. Во неа Израел се повикува да се придружи и своите нуклеарни инсталации да ги стави под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергиау (МААЕ).

Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата со 161 глас „за“ и пет „против“, покрај 18 „воздражни“ земји, пренесоа американските медиуми.

САД и Канада се наоѓаат меѓу петте земји кои му се придружија на Израел во противењето на резолуцијата.

Израелските лидери никогаш не демантираа, ниту потврдија дека оваа земја поседува нуклеарно оружје, но со години наназад се верува дека Израел е нуклеарна сила.