ОН бараат 6,5 милијарди долари помош за Сирија

Обединетите нации бара 6,5 милијарди долари во помош за Сирија. Според извештајот на организацијата над 16 милиони луѓе во Сирија ќе имаат потреба од хуманитарна помош во наредната година.

Поголемиот дел од бараните пари ќе бидат наменети за бегалците надвор Сирија. Два милиони бегалци живеат во арапските земји околу Сирија, а други 540 илјади се наоѓаат во Турција. Додека нивниот живот во камповите за бегалци е тежок, останатите Сиријци кои останале во татковината се во уште посериозна положба.

Според пресметките на ОН речиси половина население на земјата се потпира на помош однадвор за да преживее.