Свет

ОН: Бројот на сириските бегалци може двојно да се зголеми до крајот на 2014 година

ОН: Бројот на сириските бегалци може двојно да се зголеми до крајот на 2014 година

Според податоци на Обединетите Нации, бројот на сириските бегалци во земјите од Блискиот Исток веројатно двојно ќе се зголеми во текот на следната година, бидејќи се повеќе Сиријци ја напуштаат својата земја поради војната што се води во неа, пренесе „АФП“.

Според новата проценка на меѓународната организација кон крајот на 2014 година, бројот на сириските бегалци во Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет ќе достигне околу 4,1 милион, а до денес нивниот број изнесува околу 2,4 милиони.