ОН: Бројот на загинатите во Украина надмина 4.800 лица

Во Украина загинаа 4.808 лица од почетокот на конфликтот лани во април, па до почетокот на годинава, соопшти Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања. 

Како што јави ТАСС, на листата на загинати на ОН се и 298-те патници и членови на екипажот на авионот на „Малезија Ерлајнс“ кој се урна во источна Украина на 17 јули минатата година.

Според податоците на ОН, заклучно со 6 јануари, во судирите во Украина биле ранети 10.468 лица.

Над еден милиони Украинци ги напуштиле своите домови, а околу 1,4 милиони живеат во крајно мизрени услови и неопходна им е хуманитарна помош, наведува Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

Во такви услови, Послка започна со евакуација на речиси 200 Полјаци од источниот дел на Украина. Според полското Министерство за надворешни работи, конвојот возила со евакуираните Полјаци бил придружуван од припадници на украинската армија и безбедно пристигнал во Харков, од каде треба да продолжи кон Полска.