ОН: Газа ќе се обновува 20 години

Обединетите Нации (ОН) ангажираа луѓе кои ќе ги проценуваат штетите во појасот Газа по војната, тие додаваат дека обновата ќе трае 20 години.

Шелтер Кластер од агенцијата за бегалци на ОН и Црвениот крст, истака дека во изминатите 50 дена борбите меѓу израелската војска и Хамас уништиле 17 илјади станбени објекти.

Исто така, наведено е дека има уште 5 илјади објекти кои треба да се реконструираат од претходните борби меѓи Хамас и Израел, што вкупно доведува до бројката од 75 илјади станбени објекти.

Во текот на 50 дневната војна повеќе од 2.100 Палестинци загинаа, главно цивили, додека на другата страна, израелската, бројот на жртви е 70 од кои шест се војници.