ОН го осуди порастот на насилството во Ирак

Советот за безбедност на Обединтетите Нации (ОН) го осуди порастот на насилството во северниот ирачки град Мосул со оцена дека терористичката организација пробува да го дестабилизира целиот регион.

Советот побара итно ослободување на турските заложници кои ги држи исламската огранизација во Ирак и Левант (ИСИЛ) која соработува со Ал Каеда на северот на Ирак и Сирија.

Во соопштението на Советот за безбедност се најведува дека најостро се осудуваат неодамнешните случувања во Мосул, во кои исламистите го заземаа поголемиот дел од градот и раселија неколку стотини илјади луѓе.

Виталиј Чуркин, рускиот амбасадор во ОН, кој претседава со Советот во текот на јуни, рече дека на следниот состанок за Ирак, кој треба да биде денеска, ќе биде предложена акција против ИСИЛ.

Една од можните мерки кои треба да се преземат е да се стави оваа организација на листата на санкционирани групи што би резултирало со замрзнување на нивните имоти секаде во светот.

Њујорк Тајмс пишува дека ирачкиот премиер Нури ал Малики во тајност побарал од администрацијата на Барак Обама да ја разгледа можноста за воздушен удар во подрачјето кое е контролирано од милитантите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.