ОН ја признаа улогата на новинарите во спречување судири

ab70338.jpg

Советот за безбедност на Обединети нации денеска едногласно усвои Резолуцијата со која првпат се признава улогата на новинарите во спречување на судирите и заштитата на цивилите, кои на време предупредуваат на можните кризи.

Со Резолуцијата се апелира до сите земји да преземат чекори со кои ќе се гарантира одговорноста за злосторствата врз новинарите за време на вооружени судири и се бара итно и безусловно ослободување на вработените во медиумите кои се киднапирани за време на судирите.

Резолуцијата е предложена од Литванија и таа е прва во последните девет години што се однесува на заштита на новинарите.

Со Резолуцијата се изразува „длабока загриженост за се поголемите закани од терористичките групи по безбедноста на новинарите, вработените во медиумите и нивниот придружен персонал“.

Со документот се осудуваат сите злоупотреби извршени врз новинари, при што се потенцира дека „работата на слободни, независни и непристрасни медиуми претставува еден од основните темели на демократското општество“.