ОН ќе ги истражува инцидентите со снајперистите во Киев

Инцидентите со снајперисти во Киев ќе бидат разгледувани од помошник раководителот на одделот за човекови права во Обединетите Нации, Иван Шимонович, јавува РИА Новости.

Истрагата е поврзана со појавата на аудио снимка од разговор меѓу министерот за надворешни работи на Естонија и високиот претставник на Европската Унија од 26-ти февруари во кој што беа изразени сомневања дека снајперистите на Мајдан биле платени од опозицијата.