ОН ќе го истаражат нападот на Царов

Набљудувачите на ОН во Украина ќе ги истражат нападите на украинскиот претседателски кандидат Олег Царов, изјави помошникот на генералниот секретар на ОН за човекови права Иван Шимовиќ.

Шимовиќ исто така истакна дека е неприфатливо еден од претседателските кандидати да ги повикува своите приврзаници да се вооружаат и да го бранат источниот дела на земјата, а дргите да бидат претепани поради своите политички ставови.

Набљудувачите ги истражуваат тешките обвнинувања, пренесува руската агенција Итар-Тас.

Украинскиот пратеник Олег Царев кој е и претседателски кандидат на изборите на 25 мај, брутално беше претепан на 14 април во Киев, само што излезе од студиото на ИТЦВ.