Свет

ОН ќе обезбедат 542 милиони долари за бегалците од Сирија

ОН ќе обезбедат 542 милиони долари за бегалците од Сирија

Обединетите Нации ќе обезбедат помош за сириските бегалци во Ирак во износ од 542 милиони долари, соопшти „ИТАР-ТАСС“.

“ОН одлучија да издвојат сума од 542 милиони долари за помош на сириските бегалци во Ирак“, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за време на вториот ден од посетата на Ирак.

Бан Ки Мун изрази благодарност кон соседните земји на Сирија, поради тоа што ги отвориле вратите за бегалците.