ОН: Меѓународната помош за Непал далеку од потребите

Само 22 милиони долари помош стигнале во Непал за настраданите од земјотресот, иако минатата недела е испратен апел за 415 милиони долари, изјави денеска шефот на Канцеларијта на ОН за Непал.

Одговорот на упатениот повик за помош во следните три месеци е премногу бавен, оцени тој.

Во катастрофалниот земјотрес на 25 април загинаа над 7.800 лица и повредени се неколку илјади. Владините проценки покажуваат дека десетици илјади куќи се урнати и оти итна помош им е потребна на 400 илјади семејства.

ОН проценуваат дека околу осум милиони луѓе се погодени од земјотресот.