ВИДЕО: ОН: Над 500 загинати, повеќе од 800 повредени во судирите во Јужен Судан

Обединетите Нации соопштија дека во новит судири во Јужен Судан животот го загубиле иоколу 500 лица, а над 800 се повредени.

Според  дипломатски извори, во девете болници има регистрирано 500 мртви, а над 800 повредени во судирите меѓу трупите на опозицијата и војнците на претседателот.

Министерот за здравство изјавил дека најмалку 26 лица го изгубиле животот во судирите на двете спротивставени страни кога во неделата се пресметувале во Јуби, главниот град на најмладата држава во светот која во 2011 година прогласи независност од Судан.

Претседателот Салва Киир, облечен во војничка униформа, во понеделникот ја извести локалната телевизија дека силите лојални на поранешниот потпретседател нападнале воена база, но дека војската веднаш го неутрализирала нападот.

Од почетокот на судирите околу 16.000 лица побарале засолниште во зградата на ОН во Јуби, а бројот на лица кои ја напуштаат земјата постојано се зголемува.