Свет

OН: Најмалку 1.129 загинати во судирите во Украина

OН: Најмалку 1.129 загинати во судирите во Украина

Од почетокот на конфликтот во Украина во април годинава, па досега, загинале најмалку 1.129, соопшти денеска во Женева високиот претставник на ОН за човекови права, Нави Палај.

Презентирајќи го извештајот за состојбата со човековите права во Украина, Пилај нагласи дeка причина за смртта на најголемиот број од жртвите биле артилериските напади врз населените места.

Ова е четврти ваков извештај, кој е изработен од Набљудувачката мисија на ОН во Украина. Како што јави ИТАР-ТАСС, во извештајот се предупредува дека конфликтот во источна Украина има негативен одраз врз целокупната украинска економија, води кон раст на бројот на внатрешно расселни лица и зголемување на антируските чувства кај Украинците и ги
продлабочува економските проблеми на земјата.

Пилај нагласи и дека „соборувањето на малезискиот авион со ракета“ над зоната под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина, може да се третира како воено злостороство.

Во меѓувреме, сепаратистите во Луганск и Доњецк соопштија дека во судирите на нивните сили во украинската армија во текот на мината ноќ загинале најмалку осум цивили.

Според истите извори, во Луганск биле убиени петмина цивили, а 15 се повредени, додека во Доњецк загинале три лица.
Руските медиуми известуват и за алармантна ситуација во Луганск, каде при артилериските напади биле разурнати многу згради, над 30.000 лица останале без струја, а над 8.000 домаќинства без вода.