Свет

Бан Ки-мун назначи нов шеф за борба против еболата

Бан Ки-мун назначи нов шеф за борба против еболата

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го назначи Мавританецот Исмаил Улд Шеик Ахмед за нов шеф на мисијата на светската организација за борба со епидемијата од ебола во западна Африка, пренесоа светските агенции,пишува МИА.

Ахмед, кој има 28-годишно работно искуство во ОН во областа на развојот и хуманитарната активност, на новата функција почнува со работа во јануари, а ќе го наследи Антони Банбери.

Мисијата на ОН, што е сместена во Гана, ги координира меѓународните напори во политичката и логистичка борба со еболата. Таа има канцеларии во трите западноафрикански земји што се најзафатени со болеста: Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Според вчерашните податоци на Светската здравствена организација епидемијата од ебола досега зеде 6.533 жртви, а вкупно 18.118 лица се заразени