ОН одобрија Меѓународен ден на јогата

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која 21 јуни се прогласува за Меѓународен ден на јогата, соопшти МИА.

Индискиот премиер Нарендра Моди повика за ден, посветен на јогата, во обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во септември.

Според него, јогата може да помогне за справување со светските проблеми, вклучувајќи промени во климата.

ОН веќе одредија 118 денови, посветени на конкретни прашања, кои треба да го привлечат вниманието на јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.