ОН: Околу осум милиони лица се загрозени по земјотресот во Непал

Портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Фархан Хак изјави дека околу осум милиони луѓе се загрозени во Непал од разурнувачкиот земјотрес, што ја погоди земјата пред три дена.

Над 1,4 милиони Непалци имаат потреба од помош во храна. ОН наменија од фондот за итно реагирање во вонредни ситуации 15 милиони долари, со цел да се помогне на загрозените. Овие средства ќе бидат наменети за обезбедување на погодените региони со вода за пиење, медицински стоки и логистички услуги.

Бројот на жртви во земјотресот во Непал достигна 4.310 лица, а повредени се над 8.000 луѓе, соопшти министерството за внатрешни работи на Непал, пренесува ТАСС.

Во текот на ноќта се регистрирани потреси до 5,2 степени, поради што луѓето ноќта ја минале под отворено небо.