ОН побараа итен пристап до опколените градови во Сирија

Обединетите нации денеска побараа моментален пристап до опколените градови во Сирија со цел достава на помош за цивилното население, на кое се заканува смрт од глад, пренесува МИА.

ОН на вчерашната вонредна седница на Советот на безбедност опсадата на градовите во Сирија ја оценија како варварска тактика.

Не може да има никаква причина ниту рационално објаснување и изговор за спречување на доставата на помош за илјадници луѓе, изјави претставникот на ОН Кјунг-ва Кинг.

Околу 40.000 жители на градот Мадаја веќе со месеци живеат под опсада на поровладините сили во Сирија.

Франција и Велика Британија во четвртокот побараа итна седница на СБ на ОН со цел да се изврши притисок на завојуваните страни во конфликтот во Сирија за прекин на опсадата на градовите.