ОН: Потребни се уште милијарда долари за надминување на еболата

Донаторските земји треба да обезбедат дополнителни една милијарда долари за надминување на еболата и справување со последиците од тој вирус во Западна Африка, изјави специјалниот пратеник на ОН за борба против еболата, Дејвид Набаро, објави МИА.

– Катастрофалното ширење на болеста е намалено – истакна Набаро за време на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.

Бројот на новите заразени случаи во Либерија е драстично намален. Пад е забележан и во Гвинеја и Сиера Леоне. Овие три земји се најзагрозени од епидемијата на смртоносниот вирус.

Набаро, сепак, предупреди дека е многи рано да се зборува за крај на епидемијата. Тој нагласи дека досега донаторите обезбедиле една милијарда долари за програмата за борба против вирусот, но потребни се уште толку.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.