Свет

ОН: Повеќе од 900 загинати во Ирак во мај

ОН: Повеќе од 900 загинати во Ирак во мај

Во конфликтите во Ирак во мај, погинале повеќе од 900 луѓе, покажуваат податоците на Обединетите Нации (ОН).
Како што соопштија од ОН, во текот на вчерашниот ден имало 16 загинати во повеќе одвоени напади.

Според податоците на Мисијата на ОН во Ирак, во мај 799 погинале во терористички напади, а 179 во воените акции во провинцијата Ел Анбар, каде војската веќе пет месеци се бори со бунтовниците.

Од парламентарните избори на 30 април во Ирак погинале 938 луѓе, меѓу кои 804 цивили. Бројката на повредените само во мај изнесува 1.463 лица.