ОН повика да се спречи финансирање на џихадистите

Советот за безбедност на Организација на обединетите нации денеска ги повика земјите членки да и оневозможат на Исламската држава и други екстремистички групи извори на финансирање, трговија со нафта, плаќање откуп, како и јакнење на безбедносните проверки и други мерки.

Соопштението на СБ на ООН доаѓа по новиот извештај на ОН, според кој ИД од трговија со нафта остварува приходи меѓу 846.000 и 1,645 милиони долари на ден, како и дека од откуп за киднапирани лица во период од 12 месеци има добиено меѓу 35 и 45 милиони долари.

Во извештајот на ОН се предлагаат нови санкции, но исто така, се предупредува дека самите санкциите се неефикасно средство во борбата против глобалната терористичка закана.