ОН: Раселените во Нигер живеат под отворено небо

Најмалку 25 илјади жители на нигерските острови на езерото Чад, кои се евакуирани поради стравување од нови напади на припадниците на групацијата Боко Харам живеат во драматични услови на повеќе локации во југоисточниот дел на Нигер, изјавија денеска претставници на Обединетите нации, пренесе МИА.

– Според прелиминарните податоци, околу 25 илјади лица стигнаа во градовите Н’Гуигми и Босо, бегајќи од своите куќи на малите острови на езерото Чад, се наведува во соопштеието на Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања во Ниамеј.

Жителите на овие острови е повикани кон крајот на минатата недела да се евакуираат од безбедносни причини.

– Овие луѓе тука се на гола земја. Немаат шатори, ниту засолништа и се изложени на сонце, а често пати има и песочни бури. Видовме жени и деца без вода. Ситуацијата е драматична, изјави претставник на ОН.