ОН: Рестрикциите на границите во Западен Балкан создаваат тензии

Рестрикциите на границите меѓу земјите на Западниот Балкан, вклучувајќи ја и категоризацијата на бегалците и имигрантите по национална основа, создаваат неодржлива ситуција, предупредија денеска меѓународните хуманитарни агенции на ОН.

Во заедничкото соопштение на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ)  и Меѓународната организациа за миграции (ИОМ) се вели дека наведените мерки создаваат тензии на граничните премини и дека многу семејствата остануваат „заглавени“.

Потребно е итно да се воспостават дополнителни прифатни капацитети на граниицте, изјави Адријан Едвардс, потпарол на УНХЦР на прес-конференција во Женева.

Од друга страна, потпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кроу оцени дека од ваквата состојба најтешко се погодени децата бегалци и имигранти.