ОН се заканија со санкции за тргување со нафта со терористи

 

Советот за безбедност на ОН синоќа ја поддржа руската иницијатива за забрана на тргувањето со нафта со исламистите во Ирак и Сирија.

Петнаесетте земји-членки на Советот во заедничко соопштение предупредија дека купувањето нафта од групи, како што се Исламиската држава или Џабхат ал Нусра, што се борат во Сирија, може да биде санкционирано.

Сирискиот центра за мониторинг на човекови права минатата недела објави извештај дека борци од групата Исламиска држава продаваат нафта и гас од Сирија на ирачки бизнисмени.