Свет

ОН: Сириската опозиција направи историски чекор со одлуката да учествува во „Женева-2“

ОН: Сириската опозиција направи историски чекор со одлуката да учествува во „Женева-2“

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун ја поздрави одлуката на сириската опозиција да земе учество во мировната конференција за Сирија, „Женева-2“, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Бан Ки Бан изрази надеж дека бунтовниците ќе успеат брзо да формираат репрезентативна делегација.

„Ова е храбар и историски чекор во интересите на политичкото решавање на тригодишниот конфликт во Сирија“, изјавил генералниот секретар на ОН.