ОН: Стагнира броjoт на жени во политиката

Минатата година тој раст бил толку незначителен, така што со ова темпо ќе треба половина век за да се постигне парламентарна еднаквост меѓу мажите и жените, се вели во анализата на ОН, објавено вчера.

Боливија и Руанда се единствените земји во светот во кои има повеќе пратенички од пратеници.

Позитивно е што продолжува зголемувањето на бројот на жените министри во владите воопшто. Моментално во светот нивниот број изнесува вкупно 732, што е 18 отсто од министрите.

Бројот на жените претседателки и премиерки е во пад, од 19 на 17, но и тоа е двојно повеќе од 2005 година.