ОН: Судирите во Јемен го ограничуваат доставувањето на хуманитарна помош

Канцеларијата на Обединетите Нации за координирање на хуманитарна помош предупреди дека постојаните воздушни напади и судири во Јемен го попречуваат доставувањето на хуманитарна помош.

Според Канцеларијата, инволвираните страни во вооружениот конфликт заземале здравствени објекти во Јемен што претставува сериозен проблем околу дистрибуцијата на хуманитарната помош во земјата.

Портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, ги повика страните во судирот да се воздржат од напади на цивилни објекти.

Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), од 19. Март до сега, животот го загубиле 540 луѓе, додека 1.700 луѓе се повредени.