Македонија

ОН: Турција да ја укине забраната за Твитер

ОН: Турција да ја укине забраната за Твитер

Обединетите нации денеска побарале од Турција да ја укине блокадата на социјалната мрежа Твитер, истакнувајќи дека оваа  одлука не е во согласност со меѓународните обврски на Турција, во однос на човековите права.

„Правата што луѓето ги имаат во реалниот живот мора да се почитуваат и на Интернет. Затоа бараме од властите да ја укинат блокадата“,  изјавил  портпаролот на високиот комесар на ОН за човекови права, Руперт Колвил,  пренесува Франс прес .

Турската Агенција за телекомуникации на 20 март го блокираше пристапот до Твитер по налог на премиерот Реџеп Таип Ердоган, откако претставници на опозицијата на Твитер објавија транскрипти од телефонски разговори, кои укажуваат дека Ердоган имал улога во корупциски скандал, што во последно време е актуелен во Турција.

Колвил истакнал дека ОН уште во февруари укажале дека донесувањето на закон што овозможува забрана на Твитер во Турција ја крши слободата на изразувањето и правото на приватност.