ОН: Во насилството во Украина досега погинале 127 лица

Обединетите Нации (ОН) соопштуваат дека во текот на неколкунеделените конфликти во јужниот и источниот дел на Украина, бројот на загинати изнесува 127 лица. Овој биланс на жртви укажува на напнатата безбедносна состојба во источниот дел на Украина, кога проруските воени сили пробуваат да ги спречат најавените претседателски избори.

Иван Симоновиќ, помошникот генерален секретар за човекови права на ОН, во Советот за безбедност на ОН истакна дека човековите права во источниот дел на Украина се се полоши, бидејќи почнува да се користи се повеќе оружје.

Симоновиќ, предупреди и за големиот број на лица кои се раселени. Според неговите информации регистрирани се околу 1.000 лица, но бројот на непријавени раселени лица бил поголем.

Симоновиќ го критикувал и неодамнешното киднапирање на членови на Изборната комисија и нивното заплашување, оценувајќи ја состојбата за одржување на избори во недела како многу тешка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.