ОН: За помош на Јужен Судан потребни се 166 милиони долари

Во следните три месеци за помош на цивилите во судирите во Јужен Судан ќе треба да се обезбедат 166 милиони долари, соопштуваат Обединетите нации (ОН).

Средства се неопходни и за 200.000 бегалци од соседен Судан. Околу 58.000 лица веќе нашле засолниште во базите на мировните сили на ОН.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои план за итно зголемување на бројот на припадници на мировните сили во Јужен Судан за да се заштитат цивилите од се’ поголемото насилство.