Она што ќе го направите после сексот е многу важно за врската!

Цвеќе, романтична вечера, комплименти… потоа „огномет“ во гревет… Меѓутоа, се може да падне во вода ако нешто сте згрешиле после сексот.

Ако навистина сакате да оставите траен впечаток, многу е важно што ќе направите веднаш после сексот, покажало истражувањето кое го спровеле научници од Универзитетот во Торонто, кои испитале 450 возрасни.

Да, и предиграта е важна, но она што доаѓа после „претставата“ е поважно.

Мазењето после сексот, на пример, го зацврснува чувството на задоволство, кажале повеќето испитаници. Исто така, на сите им било многу важно после сексуалниот чин, партнерот да сака да остане уште некое време во кревет.

Контактот, дури и само ако е вербален, прави да се чувствуваме уште подобро после сексот, да се зближиме со партнерот, доколку се работи за почеток на врска.


Резултатите од истражувањето покажале дека периодот после сексот е критично време за секој пар и дека од тоа може да зависи иднината на интимниот однос меѓу две личности.

Нежноста им е потребна речиси на сите после сексот, а само 15-те минути заедничко задржување во кревет, многумина ги нарекле „златни минути“, кои можат да направат чуда за врската.

Истражувањето исто така покажало дека нежноста после сексот е важна дури и за оние кои кои се во врска или брак подолго време, а не само за „новопечените“ парови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.